Миле Јованов реизбран за претседател на Балканската олимпијада по информатика

Д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ) по третпат е избран за претседател на Балканската олимпијада по информатика (БМО). Мандатот му трае три години. На Олимпијадата која завршува денеска во Букурешт, Романија, средношколците од Македонија освоија сребрен и бронзен медал. Јованов вели дека успесите не доаѓаат сами од себе. Добрите резултат се благодарение на личното залагање и труд на секој од учесниците и на неколкутемина професори од ЗИМ кои го вложуваат слободното време и знаење за да ги насочат улениците.

– Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво на најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Препознавањето на успехот и на личниот ангажман изгледа е полесно во странство – вели Јованов.

Тој се заблагодарува на поддршката од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на компаниите од кои редовно добиваат поддршка: „Мелон технологии“, „Нетцетера“ и „Семос едукација“. Оваа година за прв пат патувањето на македонските ученици на БМО беше под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Сподели