Научници од земјава и од странство учествуваат на тридневната Меѓународната конференција „Светот после пандемијата со ковид-19: стари и нови одговорности на неизвесноста и предизвици“. Научниот собир се одржува во Охрид, а го организира Институтот за безбедност, одбрана и мир, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
– Овој пат, годишната конференција е посветена на исклучително важно и итно прашање од меѓународен, регионален и од национален интерес: ефектите од пандемијата на ковид-19 врз различни сфери и слоеви на националното и меѓународното општество – велат од Филозофскиот факултет во чии рамки е Институтот за безбедност, одбрана и мир.
Целта на конференцијата е да се промовира подобро разбирање и димензиите на кризата предизвикана од ковид-19, да се разменат искуства и научени лекции од сегашните и минатите случаи на справување со пандемија, да се пронајдат нови начини на кои академската заедница ќе придонесе во справувањето со широк спектар на прашања поврзани со ковид-19 и други здравствени проблеми. Да се развијат идеи за нови истражувачки проекти и практики насочени кон подобрување на вмрежувањето и давање практична помош во време на криза, да се стимулира преиспитување за нивото на подготовка и можната реформа на безбедносниот сектор, како и на другите национални и меѓународни агенции во време на здравствена, јавна, економска и општествена криза.





