Aктерката Мег Рајан ја доби наградата „Почесно срце на Сараево“ синоќа, а нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност.
– Вие докажавте дека уметноста и културата е отпорот. Вие сте доказ дека разновидноста е сила, дека уметноста не прави да сме помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето над сите ограничувања и дека не постои поделба. Ова е уметност, не војна. Ви благодарам толку многу за ова Срце, вие го имате моето! – рече Рајан.

Во нејзина чест беше прикажан филмот „Имате мејл“ во режија на Нора Ефрон.
Претходно, оваа награда ја доби и нејзиниот колега Џон Туртуро, како и режисерот Александар Пејн.
Фото: Сараевски филмски фестивал





