Со насмевка на лицето маратонскиот пливач Александар Илиевски успеа во својот подвиг! За 15 часа, 21 минута, 38 секунди го преплива Охридското Езеро на релацијата Охрид-Св.Наум-Подградец (Албанија)-Струга-Охрид. Неговиот долгогодишен сон се оствари. Во одлична кондија, нашиот маратонец успеа да го исплива во добра кондиција. Него го бодреше неговиот тим предводен од тренерот Томи Стефановски.
„Ова не е човек, ова е човечиште! Секоја чест! Само напред кон поголеми подвизи! Секоја чест, гордост најголема! Гордост наша!“ – ова се само дел од коментарите на неговите поддржувачи.
Илиевски го започна подвигот во 3 наутро од Охрид и намерата му беше да успее да го реализира токму во чест на големиот празник на македонскиот народ – 2 Август. Ова е негова најдолго испливана дистанца.





