Награден фотонатпревар на тема „Македонски татковци“ објави шведската амбасада во Макеоднија. Целта на натпреварот е да се подигнеме свесноста за споделено родителско (породилно) отсуство и важноста на врската помеѓу татковците и нивните деца. Сите заинтересирани може да номинираат своја фотографија која најдобро го прикажува односот татко-дете.
Од пристигнатите ќе бидат селектирани 10-15 фотографии што ќе бидат претставени на изложбата „Македонски татковци“ која ќе биде отворена на Школка во Градскиот парк во Скопје на 10 јуни – Националниот ден на Шведска. Публиката ќе гласа за своите фаворити, а трите фотографии со најмногу гласови ќе бидат наградени. Сите заинетерсирани може да испратат фотографии најдоцна до 25 мај, до 23.59 часот. Повеќе детали за критериумите може да се прочитаат на веб страницата на амбасадата.





