Филмот „Фантази“ во режија на Кукла, ќе биде премиерно прикажан во киното „Фросина“ вечерва во 20.25 часот, во рамките на третиот ден на фестивалот „Синедејс“. Филмот е копродукција помеѓу Словенија и Македонија. Македонски копродуцент е „Круг филм“.
Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во раните дваесетти, кои живеат во Словенија. Машкуданки се и одбиваат да се вклопат во конзервативниот систем во кој живеат. Светот комплетно им се менува кога ја запознаваат Фантази, трансродова жена. Заедно, тргнуваат на патување што ги истражува прашањата на родот, поривите и самооткривањето.
Од гала програмата, вечерва во 22:20 часот ќе биде прикажан „Амрум“ на Фатих Акин.
На следниот ЛИНК кликнете за повеќе детали за програмата.





