Мултимедијална изложба „Магма“ во Битола

Во Центарот за култура во Битола вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Магма“. Неколкумина уметници со заедничка визија инспирирана од македонската поезија, емоциите и колективните спомени ја спојуваат својата енергија и креираат урбани дела што поврзуваат, раздвижуваат и го носат жарот на современото културно јадро.

Ќе биде претставена новата модна колекција на дизајнерката Марта Дојчиновска од брендот LOM, уметнички дела изработени од графити уметникот Драган Милованов кој работи под уметничкото име Hybrid Minds, графички решенија изработени од графичкиот дизајнер и архитект Андреј Дојчиновски и електронска музика внимателно селектирана од диџеите Т-Zobe, Емилија Наскова и Мартина Пенева.

Целта проект е да се вмрежат македонскиот јазик, современиот моден дизајн, уличната уметност, графичкиот дизајн и електронската музика претставено во симбиоза од модни парчиња облека и уметнички дела во една мултимедијална изложба на којашто ќе се промовираат локалните уметници и нивното творештво.

Сподели