Олимпискиот тим на македонската репрезентација синоќа гордо го развеа македонското знаме на отворањето на 63. Интернационалната математичка олимпијада, што годинава се организира во Осло, Норвешка. Олимпијадата ќе трае до 16 јули, а во македонската репрезентација ја сочинуваат: Никола Спировски, Дамјан Давков, Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Блаже Суклевски и Јасна Илиева. Освен Давков, кој заврши во ОУ ,,Ванчо Прќе”, сите останати се ученици во приватната гимназија ,,Јахја Кемал” од Скопје.
Тимот го предводи Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски. Натпреварите на учениците се реализираат денес и утре.
Минатата година нашиот тим имаше одличен успех на овој светски натпревар. Освојувајќи сребрен медал, Дамјан Давков стана најмладиот Европеец што освоил медал во историјата на ова натпреварување. Натпреварот се одржа онлајн, домаќин беше Санкт Петербург, а нашиот тим освои два бронзени медали (Никола Спировски и Блаже Суклевски), а пофалници добија Лука Грашковски и Јасна Илиева. На ИМО 2021 успешно учествуваше и Марија Атанасова.





