Мајкл Дамески, танчерот со македонско потекло, во спот на Лејди Гага (Видео)

Мајкл Дамески, еден од најдобите танчери и кореографи во светот, кој има македонско потекло, се најде во најновиот спот на Лејди Гага за песната Abracadabra. Дамески е и актер и пејач, роден во Сиднеј, а живее во Лос Анџелес.

Тој има освоено многу први места на светки танцови првенства, а победи и на шоуто So you think you can dance Australia, беше втор во американското шоу World of Dance, играше во мјузиклот „Били Елиот” во Австралија, како и на Бродвеј.

Видеото може да се проследи на следниот ЛИНК.

Инаку, Мајкл Дамески има учествувано и на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 2007 година, каде настапи на македонски јазик.

Сподели