На 15 локации во Скопје, од шалтер салата на Пошта до крајот на Градскиот парк, 25 светлосни дизајнери и уметници по четврти пат ќе ја претстават магијата на светлосната уметност. Меѓународниот фестивал на светлина Skopje Light Art District почна симболично вчера, во чест на 30 години од независноста на Македонија.

Skopje Light Art District како проект потекнува од ROCK проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ, наменета за истражување и иновации, каде градот Скопје е вмрежен и разменува искуства со уште 11 други градови од Европа. Фестивалот црпи инспирација од најстариот фестивал на светлосна уметност, Fête des lumières кој секоја година се одржува во Лион, Франција и датира од 1643 година.
Ова е мапата на локациите:






