„Луѓето не ја сакаат вистината зашто ги вознемирува“

„Луѓето не ја сакаат вистината затоа што таа ги вознемирува. Вистината често значи рушење светови, а за многу луѓе страв да бидат препознаени како оние што ништо не разбираат или како оние што биле на ,погрешната страна’“, вели Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ една од најинспиративните писателки во регионот. Таа на 7 март ќе одржи поетско-музичка вечер насловена „Ми вети“ („Обећао си ми“), во „Јавна соба“ во Скопје. Таа во интервјуто за „Нулта“ зборува за многу нешта, за состојбите во светот денес, за нејзиниот живот, за слободата да се биде жена денес.

– Многу е тешко за жена, а за жена зад која не стои баш никој – десет пати потешко. Родена сум со тоа чувство на слобода, а тоа значи дека сум можела да избирам. Секогаш се појавуваат примамливи понуди, но кога не ве интересираат кратенките, кога не ве интересира моќта, ниту големите пари, тогаш избирате да бидете доследни на себе. Тоа е она што јас го нарекувам „мал живот“. Сè додека сум среќна додека пишувам што сакам, или додека сликам светови во кои би сакала да живеам, и додека од тоа можам да водам мал живот – јас сум слободна. Мислам дека мојата публика го препозна токму тоа нешто што нè прави едно посебно племе. Затоа не ми требаат кликови, ниту купени аплаузи, ниту следбеници со задача. Знаете, најтешко е во оваа ера во која толку видливо владее теророт на „победниците“ да ја носите својата „губитничка“ позиција со хумор и задоволство. А мојата огромна публика е мојата најголема награда и доказ дека мојот досегашен труд имал смисла – вели Бобиќ Мојсиловиќ.

Целото интервју на линкот.

Насловна фотографија: Лична архива на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ

Сподели