„Култура Бета“ распишува конкурс за филмска рецензија. На конкурсот може да учествува секој ентузијаст што сака да гледа филмови и да пишува за нив.
Рецензијата не треба да биде да биде подолга од страна и половина, треба да ги содржи основите информации за филмот и фотографија од филмот што ќе биде обработуван. Жанровски ограничувања нема.
Рокот за испраќање на рецензиите е15 април, а текстовите треба да се испратат на kulturabeta@yahoo.com.
Избраните текстови потоа ќе бидат објавени на платформите на „Култура Бета“.





