Кристина Николовска ги послуша писателите – ќе се избираат нови членови за сите органи и тела на ДПМ

По големиот притисок од писателската заедница, актуелната претседателка на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Кристина Николовска денеска одлучи дека вонредното изборно собрание закажано за 25 ноември, ќе се однесува на сите органи и тела. Одлуката следува откако деновиве писателите од различни генерации го потпишуваа јавниот повик со кој побараа спас за Друштвото на писателите.

Повеќе од една третина од членството на ДПМ застана зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во македонската писателска асоцијација. Во согласност со Статутот на ДПМ, и по барање на една третина од членството на ДПМ, Собранието мора да се одржи. Зад реакцијата и повикот веќе се близу сто македонски писатели.

Тие имаа конкретно барање до претседателката на Собранието на ДПМ за Вонредното изборно собрание на кое треба да се изберат нов претседател на ДПМ, нов претседател на Собранието на ДПМ, ново претседателство и членови на другите органи на писателската асоцијација.

Сподели