Краткиот филм „Имиња“ на Јане Спасиќ вечерва на Филмски фестивал во Монпелје

Kраткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал „Синемед“ во Монпелје, Франција. Филмот ќе биде прикажан вечерва и на 27 октомври, а по втората проекција, ќе следува и разговор со Спасиќ.

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири.
„Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на „Арт проект лаб“, со поддршка на Агенцијата за филм, а домашната премиера на филмот се одржа во рамките на 22. Фестивал „Синедејс“ во Скопје.
Главните улоги ги играат: Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов

Сподели