Писателот Стефан Марковски одржа детски работилници, средби со колеги во Руен

Македонскиот писател Стефан Марковски имаше резиденцијален престој во францускиот град Руен, во рамките на активностите за Европска престолнина на културата во 2028 година, покрај веќе избраните Скопје и Ческе Будјејовице. Марковски одржа активности посветени на промоцијата на литературата и преведувачката дејност во училиштата.

Во училиштето „Катерина Бернард“ во Барентан, тој одржа работилница со различни класеви на ученици кои интерактивно го преведуваа од македонски на француски јазик текстот на сликовницата „Гулапчето Мики“ од Марковски (Едиција „Светулка“, 2020), а приказната ја развиваа понатаму во повеќе насоки. Марковски оствари средби и со француски писатели, културни работници, културни менаџери, како и уредници на литературни списанија.

Францускиот кандидат за Европска престолнина на културата во 2028 година ќе биде избран во декември. Во потесниот избор за оваа важна титула влегоа четири француски градови: Руен (Нормандија), Клермон-Феранд (Оверњ-Рона-Алпи), Бурж (Центар-Долина на Лоара) и Монпелје (Лангдок-Русијон). Од Франција досега оваа титула ја понеле Париз (1989), Авињон (2000), Лил (2004) и Марсеј-Прованса (2013).

Сподели