Бисера Костадиновска-Стојчевска ја презеде функцијата од Ирена Стефоска

„Подготвена сум за предизвиците во културара и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што оваа област ги носи во секое општество“, рече новата министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фукнијата денеска официјално ѝ ја предаде Ирена Стефоска која раководеше со секторот од 31. август 2020 година.

Стефоска на својата наследничка ѝ посака успех во мандатот и подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет.
– Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура – рече Стефоска.

Таа им се заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, на културните работници и на уметниците.

Сподели