Слабата самодоверба на млад човек може многу да чини. Булингот е страшен проблем на денешницата. Не започнал вчера, но нема ниту да заврши утре. Со модерната технологија и сите можни социјални мрежи, денес е многу лесно да бидете во опасност. Токму затоа филмови како „Сестри“ се повеќе од неопходни и новата генерација автори треба да биде нивен носител.
Филмот „Сестри“ на „List production“ е остварување какво што ѝ недостигаше на македонската кинематографија и тоа од многу аспекти. Третира тема која е пеколно актуелна глобално, а од која, за жал, не се поштедени ниту нашите адолесценти. Колку лесно веруваме на сè што ќе видиме на виртуелната мрежа и колку опасна таа игра може да биде, посебно за младите. Мобилните телефони се само играчка, доколку не се подзастане и се подразмисли што може еден клик да направи. Токму во „Сестри“, еден клик уништи неколку животи.
Фактот што „Сестри“ го сними Дина Дума, млада режисерка која со ова дело на големо се проби на европската фестивалска мапа се чини дека токму помладата генерација и може најдобро да ја долови тематиката, која беше препознаена и на Карлови Вари, каде ја освои наградата East of The West. Дума многу прецизно навлегла и во темите на судење и шовинистички погледи кон жените.
Реалноста знае да биде најголема инспирација за уметниците, така е и во случајов. Медиумската писменост ни фали повеќе од сè.

Симболичниот почеток во водата и давењето како игра дава интригантен почеток на филмот. Во цел филм, кој беше наш кандидат за Оскар за странски филм, водата е како уште еден актер, важно опкружување кое одредува многу од атмосферата на филмот.
Кинематограферот Наум Доксевски решил да употреби и документаристички пристап, што ја прави приказната поблиска до реалноста. Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов се одлични млади актери. Одлични улоги остварија и Верица Недеска, како и мајката на Елена (Ана Левајковиќ).
„Сестри“ е прв долгометражен филм на Дина Дума. Можеби можела да избегне одредени клишеа или детали кои се веќе многу пати видени во македонските филмови, каде се чини дека во секој втор еден од ликовите мора да биде таксист, на пример. Меѓутоа, тоа не влијае на целиот впечаток за филмот и чистата идеја.
Слабата самодоверба на млад човек може многу да чини. Булингот е страшен проблем на денешницата. Не започнал вчера, но нема ниту да заврши утре. Со модерната технологија и сите можни социјални мрежи, денес е многу лесно да бидете во опасност. Токму затоа филмови како „Сестри“ се повеќе од неопходни и новата генерација автори треба да биде нивен носител.





