Во чест на јубилејот „50 години Кинотека“ што ќе се одбележи во 2024 година, Кинотеката распиша конкурс за специјално јубилејно лого со логотип со текст за употреба во текот на целата 2024 година.
Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“:
– Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката.
– Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).
– Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања.
– „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).
– Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција.
– Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија.
– Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои;
– Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка.
– Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година.
– Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал.
Повеќе информации за правата и условите за учество, на следниот линк.





