Коњаниците пристигнаа во Крушево каде вечерва ќе почне одбележувањето на 120 години од Илинденското востание. Под мотото „120 години Илинден – огниште на татковината“ на повеќе локации во земјава ќе се одбележува и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Во Крушево наскоро ќе почне концертот на кој ќе настапат многу македонски музички ѕвезди. Со тоа почнува манифестацијата Десет дена Крушевска Република.










