Млади од Куманово разрешуваа мистерии скриени во приказни

Разрешување мистерии скриени во приказни беше дел од работилницата што се одржа во библиотеката во Куманово. На работилницата учествуваа млади од градот, а ја организираа библиотеката од Куманово во соработка со Europe House од Крива Паланка.

– Книгите се магични светови кои нè дружат на плажа под силно сонце, во мека постела скриени од дождот, во канцеларија додека ги одбројуваме минутите, или во авион додека патуваме низ светот. Книгате ја имаат способноста во миг да нè однесат на вистинското место, без разлика каде и да сме – велат организаторите.

Моќта на книгите и читањето било тема на разговоророт со младите читатели во Куманово од кој заклучиле дека читањето никогаш не излегува од мода.

Сподели