Конференција за медиумска писменост на Западен Балкан на тема „Градење отпорност кон дезинформациите“ денеска во 13 часот ќе се одржи во Музејот на современата уметност во Скопје. Конференцијата ја организираат делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Пред присутните ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, високиот претставник од ЕУ, Жозеп Борел, шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир и директорката на МИМ, Билјана Петковска.
Конференцијата ќе се осврне на најголемите предизвици во современата комуникација како борбата и отпорноста кон дезинформации, влијанието на социјалните мрежи и дезинформациите во редефинирањето на известувањето и квалитетот на новинарството и важноста на медиумската писменост за граѓаните во средината на новите медиуми.
Поделени во три панели, излагачите ќе говорат за повеќе аспекти поврзани со темата. Дел од нив ќе зборуваат во живо, дел ќе се вклучат преку видеоврска. Повеќе за конференцијата ТУКА.





