Конференција посветена на жените во бизнисот и доделување на наградите „Жена на годината“

Шестото издание на конференцијата „Жени претприeмачи“ која на едно место ќе ги собере некои од најуспешните бизнис жени во нашата земја ќе се одржи утре со почеток во 10 часот во Музејот на македонската борба во Скопjе. Во рамки на настанот ќе бидат доделени и наградите од изборот „Жена на годината 2023“ во десет категории.

Конференцискиот дел на настанот, покрај со вообичаената забавна компонента, ќе биде исполнет и со предавања на неколку еминентни говорници, меѓу кои се: Магдалена Христова, директор на финансискиот оддел на Пивара Скопје; Лулзим Адили Луи, сертифициран обучувач за лидерство, говорник и коуч; Мери Шешо Најденовска, oперативна директорка на Monks Agency; Наташа Поповиќ, директорка на Охридско лето, како и Моника Ризовска од Ways2Help.

За годинешното издание е забележан рекорден број на онлајн номинации, вкупно 799. Од нив беше формирана листа на финалистки (по 5 во секоја категорија), за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Фотографија: Слаѓана Вујошевиќ, „Жена на годината“ за 2022 година

Сподели