Ви споделиваме фотоалбум од објективот на фоторепортерката Татјана Ранташа, од концертот на светската атракција Thievery Corporation, која настапи на 3 јули на стадионот на АРМ во Скопје. Американското електронско музичко дуо основано од Роб Гарза и Ерик Хилтон, заедно со своите гости приредија концерт што ќе се памети.
Thievery Corporation се формирани во 1995 година во Вашингтон и комбинираат музички елементи на: даб, асид џез, реге, хип хоп, бразилска музика, електроника и др.
Концертот го организираше Avalon Production.


















