Концерт на Националниот џез оркестар со гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел

„Гениј“ го нарече Ерик Клептон гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел кој на 1 октомври (20 часот) ќе настапи во Скопје како гостин на Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет под диригенство на маестро Владимир Николов.

Веќе три децении Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот.

Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат со виртуозност и емоција. Фановите често велат дека „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“.

Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/kurt-rosenwinkel/ и на продажните места на MKTickets.

Дизајн на плакат: Сергеј Андреевски, Небојша Спасиќ

 

Сподели