Концерт на камерниот ансамбл „Нонет +“

Во фоајето на Националната опера и балет веерва во 20.30 часот концерт ќе одржат „Нонет +“ под раководство на диригентот Ангел Спироски. Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

„Нонет +“ е камерен ансамбл основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година. Составен од млади музичари, ансамблот е единствен од ваков вид во земјата, а негова цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници. Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика.

Сподели