Times of Turbulence е наслов на концертот што ќе се одржи вечерва 20 часот, на малата сала на Македонската филхармонија. На сцената заедно ќе настапат двајца врвни музичари чија соработка има силна меѓународна димензија: Јордан Костов (акордеон, Македонија) и Андреас Гинтер (пијано и саксофон, Германија).
Соработката меѓу Костов и Гинтер започна во Шангај во 2016 година, каде што двајцата беа дел од локалната музичка сцена и од мрежа на уметници од целиот свет. Од таа средба произлегоа бројни заеднички настапи во Кина, Јапонија, Германија, Босна и Македонија, како и учества на реномирани фестивали меѓу кои.
Во нивните настапи, импровизацијата е основен јазик, а музиката е простор за слобода, дијалог и културна размена.
Концертната програма Times of Turbulence е инспирирана од патувањата, средбите и уметничките искуства на двајцата музичари. Во нивната музика се чувствуваат влијанија од различни земји и традиции, но и потребата да се зачува човечката блискост во време на брзи промени.
– Акордеонот, пијаното и саксофонот се во постојан разговор: час смирени и длабоки, час немирни и остри создавајќи звук кој ја отсликува нашата современа турбулентност, но и можноста уметноста да ја смири.” – ќе кажат уметниците за својата програма.
Концертот е со слободен влез.





