30 години „Фолтин“ со концерт во Филхармонијата

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт задутревечер (сабота) во 20 часот во Македонската филхармонија. Ќе одбележат 30 години опстојување и творештво. Основани во 1995 во Битола, „Фолтин“ веќе 30 години ја освојуваат публиката со својот уникатен звук и сценски израз. Нивниот стил – „псевдо-емигрантско кабаре“ – е магичен амалгам од традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс.

Со десетина албуми и музика за бројни театарски претстави и филмови („Плати и жени“, „Исцелител“, „Медена земја“…), тие ја потврдија својата оригиналност и автентичност и дома и во светот.

На оваа специјална вечер, за прв пат во салата на Филхармонијата, ќе бидат изведени и композиции од нивниот богат опус кои не често се изведуваат во живо – неповторлива можност за сите вистински љубители на музиката на „Фолтин“.

 

Сподели