Книжевна вечер со академик Влада Урошевиќ

Книжевна вечер со академик Влада Урошевиќ ќе се одржи вечерва во 18 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет ќе презентираат препеви на неколку странски јазици. Урошевиќ е годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Сподели