Книжевна вечер со академик Влада Урошевиќ ќе се одржи вечерва во 18 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Авторот ќе ја чита својата поезија на македонски, а студенти од Филолошкиот факултет ќе презентираат препеви на неколку странски јазици. Урошевиќ е годинешниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.





