Книжевна вечер со Читачот во Europe House Скопје

Во Europe House Скопје вечерва во 19 часот ќе ќе одржи последното годишно издание Книжевни разговори со Читачот со разговор во живо со неколку македонски автори за кои оваа беше плодна година. Учесници во разговорот ќе бидат писателите Петар Андоновски и Јордан Коцевски и Јулијана Величковска, поетеса и издавач. Тие ќе разговараат за нивното творештво и активностите, за креативниот процес, за инспирацијата, за културата, за предизвиците.

Сподели