Бесплатен онлајн-настан ќе организира Бреинстер на кој на младите ќе им откријат како успеале да вработат рекордни 356 студенти за 12 месеци. Присутните ќе можат да дознаат и за условите за учење на оваа академија.
Настанот е закажан за 5февруари од 19 часот, а приказната за Бреинстер ќе ја раскажат Петар Ниновски, основач и извршен директор на Brainster, заедно со Јана Тодоровска, лидер на тимот за партнерства.
Овој настан ќе открие кои се предностите како студент на Brainster, како се гради иднина, а не само кариера и како со стабилни партнерства и супериорна понуда прават револуција во образованието.
Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк.





