Како пред 102 години завршил фудбалскиот натпревар меѓу скопски „Напредак“ и англиската војска?

Пред 102 години се одиграл првиот документиран фудбалски натпревар во Македонија, на 20 април 1919 година, меѓу спортскиот клуб „Напредак“ од Скопје и селекцијата на англиската војска. Наптпеварот бил најавен на плакат, чија копија, во факсимил, денес се наоѓа во Музејот на Република Северена Македонија. Во соработка со нив, Умно.мк пренесува содржини за да ја претставиме богатата материјална и духовна култура на македонскиот народ и музеолошката дејност воопшто.

– Текстот на плакатот е напишан со ракопис на српски јазик. Големиот фудбалски натпревар бил закажан за првиот ден на Велигден, 1919 година, во 4 часот попладне кај тогашна „Идадија“. Управата ја информирала јавноста дека влезот за натпреварот ќе чини 2 динари, а за време на играта ќе свири воена музика. На плакатот може да се види името на британската воена мисија, испечатено на англиски јазик, како и симболот на „Христијанската машка младинска асоцијација“ (Y.M.C.A), која делувала како хуманитарна организација при британската мисија – објаснуваат од Музејот.

Натпреварот се одиграл на игралиштето од тогашната Учителска школа во месноста „Идадија“, на топло и сончево време, во присуство на околу 500 гледачи. Во убава игра, чиј амбиент бил засилен од звуците на воената музика на англиската војска, младите играчи на СК „Напредак“ извојувале победа над англискиот тим со 2:0. Како стрелци на головите се споменуваат имињата на Звонимир Геруц и Дејан Дубаиќ, а на зачуваните фотографии од натпреварот може да се видат имињата и на останатите играчи кои биле дел од составот на скопскиот тим.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.

Сподели