Работилница за музички менаџмент наменета за независната музичка сцена минатата недела се одржа во киното „Манаки“ во Битола. Темата беше „Како до успешен музички букинг“, а ја водеше Сашо Поповски, музичар, промотор, директор на Џез фестивалот во Битола. На работилницата гостуваше и Тодор Ивановски.

Освен професионалната матрица за букинг, Поповски ги сподели своите искуства од почетоците до денес, што беше охрабрувачко и корисно за младите музичари. Настанот е дел од мини проектот; „Зајакнување на независната музичка сцена Битола“ поддржан од MOST – балканска музичка мрежа, кој има за цел мапирање, профилирање промовирање на младите независни музичари и групи и подобрување на локалните политики за оваа целна група.





