Во „Мака бар“ во Скопје денеска во 13 часот ќе се одржи џез-матине на Скопскиот џез фестивал, а ќе настаат „Тони Китановски трио“. Китановски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и диџејот Гоце Трпков ќе го изведат новиот проект на Китановски, Afro Gitano кој содржи елементи на електро-акустична, џез и импровизирана музика.
– Тематски е своевидна симбиоза на музиката на македонските роми и големата музичка култура на Африка, особено оној дел кој поради преселбите или колективната музичка потсвест е најблиску до музиката на Балканот. Гоце Трпков е електронски музичар, ди-џеј и продуцент кој снимените аудио материјали ги процесира на свој специфичен начин, креирајќи идеална подлога за тапаните на Виктор Филиповски и гитарската изведба на Тони Китановски, која е, главно, импровизирана – велат организаторите.
Снимањето на овој нов авторски проект на Китановски се одвиваше на три континенти: во студијата на Киншаса, Торонто, Кан, Виена, Скопје и Калабрија, а фестивалската премиера беше изведена во Копенхаген.





