Изложба на слики на Драган Бошковски во Куманово

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Драган Бошковски. Ова е негова прва самостојна изложба, а ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово.

Драган Бошковски е кумановец кој со ликовната уметност се занимава во континуитет педесетина години, започнувајќи со своето прво дело кое го има насликано на 13 годишна возраст. Слика во техниките масло на платно, лесонит, шпер плоча и дрво, темпера на хартија, картон и платно. Од 2001 до 2024 година редовно учествува на изложбата „Самоуки“. Неговиот творечки опус надминува четиристотини дела, од кои добар дел се наоѓаат во приватни колекции на просторите на поранешна Југославија, Холандија, САД, Италија и Бугарија.

Оваа изложба воедно е негова прва самостојна изложба со која се претставува пред пошироката јавност. Тој ќе се претстави со 22 дела, работени во техниките масло на платно и лесонит, како и темпера на хартија, картон и платно.

Сподели