Изложба на мотоцикли од сите значајни категории ќе биде поставена утре од 12 до 17 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје, во рамките на манифестацијата Cruise Cult 2025. Ќе бидат изложени мотоцикли: chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare и classic. Секоја класа ќе биде претставена со неколку карактеристични модели.
Во рамките на настанот ќе биде поставена и фотографска изложба, со селекција од 10 до 15 фотографии што ги доловуваат визуелниот идентитет и животниот стил на мотокултурата. Во рамките на музичката програма ќе настапи бендот In the mood од 12 до 14.30 часот и Day оff од 15 со 17 часот.
Манифестацијата е бесплатна и отворена за сите граѓани и е поддржана од Општина Центар.





