Изложбата „Живеј со стил – поддржи различности“ во Ресен

Изложбата „Живеј со стил – поддржи различности“ е отворена во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен. Станува збор за 31 портрет што зборуваат за силата, човечноста, достоинството. Публиката можеше да влезе во светот на оние луѓе чии приказни инспирираат.

-Домот на културата во Ресен беше исполнет со позитивна енергија, а сите посетители си заминаа инспирирани – да се трудат да бидат добриот пример и силата која го прави ова општество поотворено и потопло! – велат организаторите од здружението „Икаулити“ од Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 25 август, а од септември ќе посети уште пет града.

Сподели