Продолжена изложбата на Владимир Георгиевски

Поради зголемениот интерес, изложбата на реномираниот сликар Владимир Георгиевски ќе биде продолжена до 12 февруари, велат од Музејот на град Скопје. Изложбата првично требаше да биде затворена на 1 февруари, со настапот на виолинистката Ана Кондратенко, но Музејот одлучи да ја задржи уште десетина дена, со оглед на тоа дека предизвика голем интерес кај јавноста.

Повеќе за изложбата, прочитајте на следниот линк.

Сподели