Изложба за Тоше Проески во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложба посветена на Тоше Проески. Под наслов „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во соработка со Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, а ќе биде отворена до 23 ноември.

Сподели