Изложба на театарски плакати и настани во чест на Ацо Шопов во Штип

Во изложбениот салон Галерија 22 во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип вечерва во 18 часот ќе биде отвоена изложба на плакати и костими од театарски претстави. Станува збор за претстави на Народниот театар од Штип.

Во истиот термин утревечер ќе биде отворена и излжба на членовите на ликовното ателје при Центарот, на тема „Изложба во чест на поетот“, во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Еден час подоцна ќе следува настанот „Младите пеат за Шопов“.

Сподели