„Молитви на моето тело“ во чест на Шопов вечерва во Националната опера и балет

Балетот „Молитви на моето тело“ инспириран од поезијата на Ацо Шопов за чија кореографија се погрижија Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова, ќе биде премиерно изведен вечерва во 20 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Ова е последна премиера за годинава и завршен настан со кој се заокружува јубилејот по повод 100 години од раѓањето на големиот поет.

Идејата за проектот е на Александар Ношпал, кој ги креираше и костимите. Драматург е Соња Здравкова-Џепароска, музиката е дело на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Прочитајте повеќе на следниот линк.

Сподели