Во скопската галерија „Метаноја“ отворена е излошба на слики од академскиот сликар Панче Ѓорѓиев. Изложбата е насловена „Ноктурно: Нотите на сликарот“. За поставката рецензентот д-р Коста Милков пишува:
– Тоа што се нотите, хармониите и мелодиите во музиката за композиторот, тоа се четките, боите и платното за сликарот. Панче Ѓоргиев во овој најнов опус на слики црпи токму од светот на ноќта. Една од сликите, која е и водилка за овој осврт, е наречена „Ноктурно“. Но уметникот не застанува на тоа. Фокусот изразен низ сликите, а и низ нивните наслови се проткајува низ сите дела од оваа изложба. Речиси без исклучок амбиентот е ноќен или на дофат на ноќта. Се работело ли за пејзаж кој тоа го содржи во насловот (Ноќен пејзаж), за „Невреме“ или за мотив од урбаниот ноќен живот, боите на сите други слики се нијансирани ноќни амбиенти – вели Милков.





