Изложба на фотографии на наши спортистки низ објективот на Маја Аргакијева

Изложбата „Жените и спортот“ на фотографии на Маја Аргакијева синоќа беше отворена во „Ист гејт мол“ (пред просторот кај „H&M“) во Скопје. Изложбата е по повод Олимписките игри во Париз 2024 година, а ја организираат Амбасадата на Франција во Скопје, во партнерство со Амбасадата на Грција, Македонскиот Олимписки комитет и „Ист Гејт Мол”.

Застапени се фотографии со: Ана Цветановска (нордиско скијање), Анамарија Георгиевска (таеквондо), Арбреша Реџепи (џудо), Дрита Исљами Бафтири (атлетика), Ива Пројковска (фудбалски судија), Катерина Николоска (џудо), Милијана Рељиќ (таеквондо), Наташа Мешковска (пливање), Пулексенија Јованоска (карате).

На помалку од една година од Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024, првите игри на коишто ќе биде адекватно застапена родовата еднаквост (еднаков број на машки и женски спортисти), преку оваа изложба им се приредува омаж на врвните спортистки од нашата земја.
Овие жени, преку нивната посветеност и достигнувања, се синоними за трите олимписки вредности: извонредност, почит и пријателство.

Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција,

Сподели