„Итно сме ù потребни на нашата Кара“: Хуманитарен хепенинг во Паркот на франкофонијата

Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје организира голем хепенинг денеска на пладне во Паркот на франкофонијата, со цел да се соберат средства за лекување на нивната ученичка Кара Селовска. Кара има 12 години и поради сериозни компликации е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија.
-Итно сме и’ потребни! Да и’ помогнеме да го продолжи лекувањето! Ве очекуваме сите за нашата Кара! – порачуваат организаторите.

Ви ја споделуваме програмата на хепенингот:

– Хорот на „Златно славејче“ со изведба на „За сите деца да биде сонце“ и „Баш е супер да си дете“,
– Нина Јанева со изведба на Дали ме сакаш“, „Скопје“, „Сите мои слики“,
– Ритмички точки, ученици од ООУ,,Коле Неделковски“ со изведба на „Колумбо“ и „Дајте раце“,
– Бојана Скендеровски со ученици од прво одд ООУ,,Кочо Рацин“ со „Љубов се пишува“,
– Мила Николовска Ѓумар со изведба на „Излажи ме“,
– Кристина Арнаудова со „Среќен роденден“ и „Прашина“,
– Нина Лазаревска, ученичка од ООУ,,Димитер Миладиниов“ со изведба на „Milord“, Edih Paif,
– Драган Мијалковски,
– Рико Санчез (Rico Sanchez) со „Perdoname“, „Historia de amore“, „Ederlezi“,
– Мартина Калевска со „Кармен Бенд“,
– Михаела Стојановска,
– Софија Зафировска,
– Xoр ООУ,,Гоце Делчев‘‘
– Јаков Дренковски со изведба на песната „Скитник“,
– Ритмичка точка ООУ,,11 Октомври“ Другар,
– Xoр ООУ,,11Октомври’’ Bela Ciao,
– Елена Васова Кога те нема,
– Благица Ѕунѕурова Рај,
– ХОР ООУ,, Св. Кирил и Методиј’’ Ова е само наше Скопје,
– Јанг Дади Сара,
– Тамара Тодевска, Хана Димитровска IIб ООУ „Гоце Делчев“ и Јанг Дади во изведба на песната „Его“,
– Тамара Тодевска „Тажна љубов среќна песна“,
-Џокси во придружба на ученици од ООУ,,ЈХ Песталоци’’ ќе ја изведат „Шарени чадорчиња“,
-Џокси со изведба на „На Велигден се заљубив“.

Сподели