Денис Јанкуловски ќе ја потпишува „Другарко“ – наградена за поттикнување општествена одговорност

На штандот на „Прозарт медиа“ денеска во 13 часот авторот Денис Јанкуловски ќе се сретне со своите читатели и ќе ја потпишува сликовницата „Другарко“. Токму оваа сликовница синоќа ја доби наградата за поттикнува општествена одговорност. „Другарко“ е првата сликовница на Денис Јанкуловски – Космонаутко, со прекрасни илустрации на познатата Наташа Костовска.

За оваа сликовницата со тврди корици, проф. д-р Александар Прокопиев ќе напише:
„Другарска приказна од животот на едно аутистично дете, приказна што авторот, а и тоа дете, силно ја посакува да се случи. Приказна кажувана топло, но и вистинито, без прикривање, за неговата осаменост наспроти неговата желба за дружење, што еден ден ќе се оствари кај Школка, во градскиот парк, при средбата со девојчето со креда. Раскажувачот го познава и го сочувствува светот на детето Другарко, оттаму и зборот и цртежот во оваа ретка и потребна книшка-сликовница и самите стануваат негови големи другари!“

Сподели