Дела од 12 реномирани македонски ликовни уметници ќе биде отворена денеска во 12 часот во галеријата „Метаноја“. Под наслов „Радост за цел свет“ изложбата се отвора по повод најголемиот христијански празник Божиќ и ќе трае до крајот на јануари.
– Вековното почитување на христијанството во Македонија постојано се рефлектира врз творештвото на ликовните уметници. Во повеќето од нивните дела се наѕира продолжувањето на византиската ликовна естетика и средновековното традиционално фигуративно сликарство. Но, овие ликовни творби имаат и асоцијативни, апстрактни пристапи каде што сакралното е сведено на знак, поточно симбол, со цел да се откријат суштинските референци за судбината на современиот човек – вели историчарот на ументост Климе Коробар, претседател на Асоцијацијата за култура ИКОН која ја организира изложбата во соработка со Балканскиот институт за вера и култура.
На изложбата ќе бидат претставени дела од: Томо Шијак, Томе Мишев, Доне Милјановски, Ставре Димитров-Стадим, Данчо Ордев, Страхил Петровски, Гоце Божурски, Јован Шумковски, Симонида Филипова Китановска, Вук Митевски, Мирослава Микица Трујкановиќ, Нове Франговски, Душан Перчинков, Димитар Кочовски, Павле Кузманоски, Петар Попчев, Илија Спасовски-Чендо и од Владимир Георгиевски.





