Гран-при за „Вера сонува за морето“ на Филмскиот фестивал во Токио

Филмот „Вера сонува за морето” во која Македонија е копродуцент, освои Гран-при на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. Ова не е прва меѓународн награда за филмот, чија премиера беше на Венецискиот филмски фестивал во септември.

„Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу Косово, Албанија и Македонија.

За режисерката на филмот, Калтрина  Красниќи најголема инспирација бил главниот лик, Вера, која според неа е претставник на една генерација жени кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20 век.

Главната улога ја толкува актерката Теута Ајдини – Јегени, а во филмот уште играат и: Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др.

Сценариото е на Дорутина Баша, кинематограф е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Дрим Фектори на Огнен Антов.

Сподели