Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово во режија на Владимир Јованоски освои Гран при на 61. Драмски аматерски фестивал, што заврши синоќа во Кочани. Наградата што го носи името „Васил Ќортошев“ ја добива за сите театарски сегменти: актерска игра, режија и визуелен идентитет кои беа на највисоко ниво. Пленеа со искрена енергија, исклучителна партнерка игра и не ја оставија публиката рамнодушна, вели жирито на фестивалот.

Сцена од „Момчето со пругасти пижами“
Ова се сите награди на фестивалот:
1. Награда во категоријата за претстава за деца и младинци ја доби „Валентајн,
не благодарам” во изведба на „Прва проба“ од Скопје.
– Првите чекори во театарот се најважни, токму затоа оваа награда се доделува на студиото за актерска игра „Прва проба” од Скопје. Овие млади идни актери ја пленија публиката со својата искреност, прецизност и телент – вели жирито.
2. Награда за визуелни ефекти ја доби „Убавицата и ѕверот” на Дом на култура „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци. Наградата во категоријата за колективна игра ја доби „Чернодрински се враќа дома” во изведба на МТЦ Зона од Прилеп.

3. Најдобра споредна женска улога создаде Лана Басаров за улогата на Лана во претставата „Тивки жртви” во изведба на МДПЦ Премиера од Велес.
4. Наградата во категоријата за споредна машка улога ја доби Игор Ивановиќ за улогата во претставата „Полански протоколи” во изведба АКУД Ниш. Тој се издвои со неговиот специфичен актерски израз доловувајќи длабоки емотивни состојби, креирајќи лик кој останува запаметен кај публиката и по завршувањето на
претставата.
5. Наградата во категоријата за главна женска улога за Веда Мавровска за улогата Живка во претставата „Сомнително лице” во изведба на Театарска школа „Бабец“ од Битола. Таа се наградува бидејќи најдобро и најуверливо го толкуваше ликот на Живка. Притоа маестрално ги долови комичните моменти во претставата, како и одличната актерска дисциплина и техника на сцената.
6. Наградата во категоријата за главна машка улога ја доби Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa „Аризани” во изведба на Аматерски театар „Прокупље“ од Прокупље
7. Наградата во категоријата за режија „Борис Стојчев” ја доби Владимир Јованоски за претставата „Момчето со пругасти пижами”. Режисерот вешто ги водеше актерите низ емотивната приказна на претставата. „Актерската игра, костимографијата и сценографијата беа умешно вклопени во театарската целина оставајќи силен впечаток кој долго ќе се памети кај публиката“.





