Гостување на јапонската актерка Шоко Ито на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Jапонската актерка Шоко Ито од Театар ИТО-ГУМИ, ќе настапи денеска во 17 часот во Амфитеатар 3 при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Станува збор за театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера – во текот на 35 години настапила во 80 земји.

Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 година го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“.

Добитничка е на редица награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија.

Сподели