Годинава повторно ќе биде отворен Лекторатот по македонски јазик, литература и култура на Универзитетот во Тирана, Албанија. Лани беше отворен Лекторатот во Анкара, Турција, а интензивно се работи на отворање на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот за странски јазици во Пекинг. Ова се дел од заложбите за изучување на македонскиот јазик на странските универзитети преку Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
– За првпат по 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик. Сево ова придонесува да се образуваат идни странски познавачи и проучувачи на мекедонскиот јазик, литература и култура – велат од Семинарот.





